ВИДЕО: Човек си ја запали раката среде тениски меч на „Лејвер купот“ во Лондон!

Лицето протестираше против приватните авио-летови во Обединетото кралство/Лондон, Британија/23 септември 2022/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Несекојдневна сцена на мечот помеѓу Стефанос Циципас (Грција) и Диего Шварцман (Аргентина) во „Лејвер купот“ во Лондон.

Започна „Лејвер купот“, тениски спектакл во Лондон, „Тимот на Европа“ оствари две победи во текот на денешниот ден.

Норвежанецот Руд со 2:1 (6:4, 5:7, 10:7) беше подобар од Американецот Сок од „Тимот на Светот“, а Гркот Циципас убедливо со 2:0 (6:2, 6:1) го совлада Шварцман од Аргентина.

Вечерва главен настан ќе биде последниот меч во професионалната кариера на Рожер Федерер, во двојки со Рафаел Надал, но пред тоа се случи неочекуван инцидент на Лејвер купот.

Според информациите, лицето сакало да покаже некаква форма на протест и во таа прилика си ја запалил раката на средината на теренот. На неговата кошула пишуваше „Крај на приватните авио-летови на Велика Британија“, како дел од протестот против употребата на приватни авиони во Обединетото Кралство, најверојатно за да се укаже на штета на природната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот