ВИДЕО: Чилеанецот Видал има милиони, а на тренинг дојде со автомобил од 1000 евра!

Артуро Видал со Интер годинава ја брани титулата во италијанската Серија А/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Артуро Видал се пресели во Интер како „вишок“ од Барселона, а потоа се промовираше во еден од најдобрите играчи во составот на Антонио Конте кој ја освои титулата во Серија А.

Конте како што е веќе познато си замина од Милано, Чилеанецот Видал остана, а сега ги одушеви и сите свои соиграчи, како и навивачите.

Тој одлучи пред стадионот да се појави во традиционална италијанска „Фиат Панда“, автомобил кој не вреди повеќе од 1000 евра.

Владее одлична атмосфера во редовите на Интер, се наоѓа на третата позиција, не заостанува многу зад водечкото дуо, па со право и се надева дека може да го одбрани Скудетото.

Доколку се погледне хемијата во тимот, иако претрпеа неколку излезни трансфери, повеќето играчи останаа, а нивниот „воин“ во форма на Артур Видал сè уште е таму. Иако е вообичаено фудбалерите да доаѓаат со своите скапи автомобили, очигледно Чилеанецот не е како другите, туку се одлучил на сосема опуштен потег кој ги насмеа сите присутни соиграчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот