ВИДЕО | Челси со осум гола ја декласираше Ноа, Чурлинов одигра 85 минути во новиот триумф на Јагелонија
Фудбалерите на Челси вечерва ја забележаа најубедливата победа во натпреварите од Лига Европа и Конференциската лига. Избраниците на Енцо Мареска со неверојатни 8:0 беа подобри од ерменска Ноа.
Дебаклот на Ерменците во Лондон започна во 12. минута кога Адарбијо го отвори резултатот, а само една минута подоцна Гуи зголеми и на 2:0. Веќе во 18. минута Дисаси стрела за 3:0, додека Жоа Феликс три минути подоцна се погрижи и за четврти гол.
До крајот на полувремето Феликс уште еднаш се запиша во листата на стрелци, но стрелаше и Мудрик за неверојатни 6:0 по првото полувреме. Во второто полувреме домашниот тим ја смири топката и постигна уште два гола преку Нкунку за конечни 8:0.
Maкедонскиот фудбалер Дарко Чурлинов продолжи со добрите настапи со тимот на Јагелонија во Конференциската лига на УЕФА. Во рамките од третото коло Јагелонија стигна и до третата победа, сега беа подобри од норвешки Молде со 3:0.
Победата за полскиот тим ја обезбедија Пулулу со два гола и Хансен кој еднаш се запиша во листата на стрелци.
Претходно денес Бобан Николов со својот Борац Бања Лука претрпе пораз на гости кај Викингур во ова натпреварување. Николов на теренот беше до 68. минута.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:
АПОЕЛ – Фиорентина 2:1
Бетис – Целје 2:1
Ѓургарден – Панатинаикос 2:1
Копенхаген – Башакшехир 2:2
Хертс – Хајденхајм 0:2
Јагјелонија – Молде 3:0
Ларне – Сент Гален 1:2
ЛАСК – Бриж 0:0
Гуимараеш – Млада Болеслав 2:1