ВИДЕО | Бугарски пејач со гитарата на Тоше гради кариера: Не е познато како стасала кај него

тоше проески
Фото: Принтскрин / Јутјуб

Новата бугарска поп-фолк сензација Лео неодамна го претстави својот дует со Алиша „Ти си мојот живот“. Во видеото, младиот пејач свири гитара, којашто е многу специјална, пишува бугарски „Сигнал“.

Гитарата е истата онаа на која легендарниот македонски пејач Тоше Проески ги свирел и творел своите големи хитови, а овој инструмент му бил омилен, откриваат неговите продуценти од „Хит микс мјузик“.

Тоше Проески беше миленик на публиката не само во Македонија, туку и на целиот Балкан.

„Сигнал“ пишува дека, за жал, Тоше загинал во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година. Пејачот зад себе остави многу хитови како „Чија си“, „Тајно моја“ и многу други, а љубовта на луѓето кон него не згаснува до ден-денес.

Како гитарата стасала во рацете на младиот Лео и дали е автентичната не е објаснето, нема детали околу тоа.

Во меѓувреме, дуетот на Алиша и Лео зема замав и брзо најде место меѓу врвните „зимски“ хитови. Фановите ја опишуваат комбинацијата меѓу двајцата уметници како „експлозивна“, а во Лео гледаат потенцијал кој може многу да придонесе за поп-фолкот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот