ВИДЕО | Брижит Макрон итно оперирана: Првата дама на Франција го пропушти најважниот ден на ќерка ѝ
Иако се очекуваше Брижит Макрон да заблеска на престижна модна ревија во Париз, првата дама на Франција во последен момент не се појави. Сепак, ги изненади присутните со неочекувано виртуелно вклучување.
Препорачано
На модната ревија на брендот „Интерди“, одржана во парискиот хотел „Мароа“, модата и уметноста се споија во една елегантна вечер на која присуствуваа многу познати личности. Во рамки на настанот беше организирана и уметничка изложба, каде свои дела ги претстави Лоренс Озиер, ќерката на француската прва дама Брижит Макрон.
Се очекуваше Брижит да дојде заедно со своите две ќерки, Лоренс и Тифани Озиер, но уште на почетокот на вечерта стана јасно дека тоа нема да се случи.
Лоренс им се обрати на присутните и ја објасни причината за отсуството на мајка ѝ:
„Не смее да се движи. Викендов имаше итна операција. Не може да патува“, изјавила таа, пренесува „Парис Мач“.
Брижит накратко се појави преку видеоповик од телефонот на својата ќерка. Со очила за сонце, се јави од Елисејската палата и ги поздрави гостите.
„Објасни им“, ѝ рекла Лоренс, по што таа накратко раскажала за историјата на местото каде што се одржуваше настанот и ја замолила ќерката на англиски да ја пренесе причината за нејзиното отсуство.
И покрај здравствените проблеми, првата дама барем виртуелно ѝ даде поддршка на ќерката во оваа важна вечер, а нејзиното кратко јавување беше поздравено со аплауз и воодушевување од присутните.


