ВИДЕО: Брентфорд после 74 години во Премиер лигата!

Фото: facebook.com/brentfordfootballclub1889

Фудбалерите на Брентфорд ќе играат следната сезона во Премиер лигата откако денеска на „Вембли“ триумфираа во финалето на плеј-офот.

Брентфорд во „најскапиот натпревар во светот на фудбалот“ со победата над Свонси (2:0) обезбеди враќање во елитата после дури 74 години.

Последен пат беше дел од најсилното друштво во натпреварувачката сезона 1946/1947, секако тогаш натпреварувањето го носеше името Прва Фудбалска дивизија на Англија, а сега за првпат во сегашната Премиер лига како што се вика од сезоната 1992/1993.

Екипата која заврши на третата позиција во Чемпионшип прво го елиминираше Борнмут во два меча, а сега беше подобра и од „лебедите“.

Стрелци на головите во денешниот меч беа Тонеј од пенал и Маркондес кој круниса една убава акција на својата екипа за зголемување на позитивата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот