ВИДЕО | Бразилски пејач колабира на сцената и почина пред публиката

Фото: Инстаграм/ pedrohenrique.oficial

Бразилскиот госпел пејач Педро Енрике колабирал пред публиката за време на својот настап и според официјалниот извештај, починал на лице место од срцев удар.

Тој ја изведувал песната „Ваи Сер Тао Линдо“ на верски настан кој во живо се пренесувал на социјалните мрежи.

Членовите на бендот веднаш се обиделе да му помогнат по падот, но кога бил пренесен во болница, била констатирана смрт. Издавачката куќа на Енрике “Todah Music” за медиумите изјави дека доживеал срцев удар.

„Ова се тешки животни ситуации за кои нема објаснување. Мораме да разбереме дека Божјата волја е посилна од нашата“, велат од издавачката куќа.

Пред да излезе на сцената, како што пренесуваат тамошните медиуми, Педро Енрике на шала се пожалил дека се чувствува уморен.

Зад себе ги оставил сопругата и едномесечната ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот