ВИДЕО | „Браво бенд“ ја промовираше новата песна: Слушнете ја „Љубав преко мреже“

„Браво бенд“ / Фото: Принтскрин / Јутјуб

„Љубав преко мреже“ е насловот на новата песна на „Браво бенд“, која е само продолжение на приказната што почнаа да ја испишуваат со претходната нумера „Катаклизма“.

Авторскиот тим и на двете песни е ист, односно музиката ја потпишува фронтменот на „Тропико бенд“, Сале (Александар Цветковиќ), текстот е на Драган Брајовиќ – Браја, додека аранжманот е на Јован Лазаревиќ – Тукс. Песната излегува во исто време со спот, за кој кадрите се снимени на Преспанското Езеро, а кој е работен под режисерската палка на Ѓорги Вацев.

Приказната во спотот ја следи самата нумера и зрачи со позитивна енергија како и песната која претендира да стане летен хит.

„Се вели случајните работи се најубави, така беше и со оваа соработка со Сале и Браја. Случајно по еден заеднички настап со Тропико седнавме со Сале, направивме муабет и ете се изродија неколку песни. Две веќе слушнавте“, вели Кире Денов, вокалот на „Браво бенд“ и додава дека нема да застанат тука, но и нема да се ограничат само на снимање песни на српски јазик. Наскоро, вели, излегува песна на македонски јазик, а во подготовка е и убав сплет со кавери.

„Годинава ни е јубилејна, па некако сакаме да покажеме, докажеме, но и да го оправдаме 20-годишното присуство на сцената“, вели тапанарот во бендот Дејан Младеновски.

„Среќен сум кога некоја моја песна ќе стане хит, тоа што пеам и самиот никогаш не ми било пречка за некому да дадам добра песна наместо да ја чувам за себе. Напротив, се радувам кога некој ќе ја донесе како што сум замислил. Се радувам што работам со овие момци затоа што се позитивни, талентирани и знаат што сакаат“, вели Сале Тропико.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот