ВИДЕО: Борусија Дортмунд убедлива над Волфсбург, „милионерите“ на минус еден од Баерн

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Борусија Дортмунд на свој терен го победија Волфсбург со 6:0, во натпреварот од 31 коло во Бундес лигата.

Домашните играчи поведоа во 14 минута со голот на Карим Адејеми, а меѓу стрелците до крајот на првото полувреме се запишаа и Себастијан Але во 28 минута и Доњел Мален во 37 минута.

Тимот од Дортмунд постигна три гола и во вториот дел, стрелци беа Џуд Белингем во 54 и 87 минута и Адејеми во 59 минута. Адејеми можеше да постигне хет-трик во 65 минута, но беше непрецизен од белата точка.

Борусија Дортмунд на три кола до крајот на сезоната се наоѓа на второто место со 64 бодови, односно има бод помалку од водечкиот Баерн Минхен. Волфсбург е седми на табелата со 46 бодови.

Во следното коло Борусија Дортмунд ја пречекува екипата Борусија Менхенгладбах, а Волфсбург на домашен терен ќе игра против Хофенхајм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот