ВИДЕО | Бон Џови ја поддржа Украина: „It’s My Life“ е неназначена химна на бунтот

Фото: Инстаграм

Американската рок ѕвезда Џон Бон Џови на својот твитер-профил сподели видео и им се придружи на многуте славни личности кои изразија поддршка за Украина и Украинците.

„Ова е за сите кои застанаа цврсто на своето тло. Одеса, Украина. Слава на Украина“, напиша Бон Џови во описот на видеото.

На видеото може да се забележи како момче удира на тапани, по ритамот на неговата песна „It’s My Life“, додека група на луѓе на плажа во Одеса, сложно и во соработка се спремаат за битка и префрлат залихи од еден камион во друг.

Во коментарите,  се пишува дека песната на Бон Џови е неназначена бунтовничка химна на украинскиот народ.

„Тешко е да се објасни колку Украинците ја сакаат оваа песна, де факто е декларација на слобода во пост-советската ера“, напиша еден корисник.

Песната дури беше и отсвирена од украинскиот бенд „Selo i Ludy“, на анти-воен концерт во Берлин кога се собраа 15,000 гости на настанот „Sound of Peace“ (Звукот на мирот) на 20 март. Истиот бенд се „прослави“ откако почна да одржува онлајн-концерти од бункер за подигање на моралот.

ВИДЕО | Бенд од Харков од засолниште ги бодри Украинците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот