Бомба под автомобилите на италијански новинари и неговата ќерка/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Бомба во Италија: Експлодираше автомобилот на новинар на Раи, кој известуваше за криминал и корупција

Две експлозии ги уништија автомобилите на новинарот на италијанскиот јавен сервис „Раи“, Зигфридо Ранучи, и на неговата ќерка доцна во четвртокот навечер, објави Раи њуз.

Веројатно биле употребени импровизирани експлозивни направи со кои целосно се уништени двата автомобила, кои биле паркирани пред домот на новинарот во крајбрежната област Кампо Асколано, во близина на Рим.

„Мојата ќерка, која штотуку си замина, можеше да го изгуби животот. Ќе поднесам тужба“, рече Ранучи, кој со години ја води емисијата „Рапорт“ на телевизискиот канал „Раи Тре“.

Емисијата постојано се занимавала со случаи на корупција, организиран криминал и нелегално склучување договори, а Зигфридо Ранучи добивал бројни закани по неговиот живот.

Минатата година, откри тој, тој и неговите роднини пронашле два куршуми во влезот од нивната куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот