ВИДЕО | Боливија: Најмалку 12 загинати во сообраќајна несреќа со минибус управуван од 14-годишно дете
Најмалку единаесет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Источна Боливија, додека патувале во минибус управуван од тинејџер „на возраст од 13 до 14 години“, соопшти полицијата, пренесува боливиската телевизија БТВ.
Препорачано
„Засега зборуваме за 12 мртви“, резимираше локалниот полициски службеник Мигел Липе, кој ја презеде истрагата за несреќата.
Прелиминарниот список на жртви покажува дека меѓу загинатите се четири малолетни лица и седум возрасни лица.
Според истиот полицаец, едно од првите откритија на истрагата било дека возачот на возилото бил „малолетник, на возраст од 13 до 14 години “, кој загинал во моментот на судирот.
Според други полициски информации, четири повредени лица се примени во болница во областа.
Автомобилот се забил во дрво на пат во близина на селото Пуерто Кихаро, во департманот Санта Круз, во близина на границата со Бразил.
Полицискиот службеник забележал дека меѓу патниците имало „пијани“ луѓе.
Според бројките од боливиското Министерство за внатрешни работи, околу 1.400 луѓе годишно гинат на патиштата во земјата на Андите, во несреќи главно припишани на небрежност на возачите и механички дефекти.


