ВИДЕО | Битка на Титани: Мајли Сајрус и Селена Гомез ги објавија новите синглови во ист ден

Фото: Инстаграм/Мајли Сајрус/Селена Гомез

Мајли Сајрус и Селена Гомез се едни од најпознатите ѕвезди кои ја започнале својата кариера во проекти на „Дизни“, а денеска важат за големи имиња во поп-културата.

Во првата половина од 2023 година, тие доживеаја вистински успех на топ-листите со песните „Flowers“ и „Calm Down“, а сега повторно ги израдуваа своите обожаватели со нова музика.

Имено, денеска (25 август) и двете пејачки ги објавија своите нови синглови и отворија жестока дискусија на социјалните медиуми: „Чија песна ќе помине подобро кај слушателите?“.

Фото: Инстаграм/Мајли Сајрус/Селена Гомез

Новата песна на Сајрус, „Used to Be Young“ е прв сингл по објавувањето на нејзиниот студиски албум „Endless Summer Vacation“ во март годинава.

Оваа песна е свовидна себерефлексија за „бунтовните денови“ на пејачката во нејзините помлади години.

„Иако мојата работа е завршена, оваа песна ќе продолжи самата да се пишува секој ден. Фактот дека останува незавршена е дел од нејзината убавина. Ова е мојот живот во овој момент… незавршен, но комплетиран“, изјави Сајрус за процесот на правење на песната.

Што се однесува до Гомез, нејзината песна „Single Soon“ е нејзин прв соло сингл по песната „Boyfriend“ во 2020 година. Во меѓувреме, таа имаше гостински појавувања на песни на Камило, „Колдплеј“ и Рема, го објави документарецот „My Mind & Me“ и ја објави истоимената песна како саундтрак за филмот.

„Single Soon“ е песна која ја проектира радоста на сингл статусот, односно да не се биде во романтична врска.

Иако многумина ги доживуваат како конкуренција, младите артистки се поддржаа една со друга во објавувањето на новите песни.

„Јас и Мајли Сајрус имаме нови синглови и ќе ги објавиме во ист ден. Ние сме пријателки откако бевме млади (референца на насловот на новата песна на Сајрус). Многу сум возбудена за 25 август“, напиша Гомез на Инстаграм, објавувајќи сегмент од нејзиното гостинско појавување во серијата „Hannah Montana“, познатиот проект на Сајрус од тинејџерските денови.

Сајрус, исто така, ја објави истата снимка и напиша на Твитер: „Јас и Селена Гомез ќе ги објавиме нашите нови синглови наскоро. Јас велам – Ние бевме млади“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот