ВИДЕО: Биг Бен на полноќ го означи почетокот на новата година
Присутните на новогодишната прослава во лондонски Вестминстер имаа поглед на обновениот Биг Бен, кога часовникот отчука 12 пати на полноќ, за да го одбележи испраќањето на старата и почетокот на новата 2022 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Саат-кулата, која се наоѓа над зградата на Парламентот, на височина од 96 метри, беше скриена од погледи откако пред четири години започна реставрацијата вредна 79,7 милиони фунти, пишува британскиот весник Гардијан.
Првпат од 2017 година е откриен часовникот за граѓаните да можат да го видат напредок во работите.
Во новогодишната ноќ, Биг Бен се огласи со помош на привремен механизам за удирање, кој го придвижува чеканот што се користел за да удри во ѕвоното во текот на реставрацијата.
Додека траеше реставрацијата, Биг Бен биеше кога се одбележуваа важни настани во Велика Британија, како што се Денот на примирјето, неделата на сеќавање и прославите на Нова година во претходните години, пишува Гардијан.
Доколку продолжувањето на работите се одвива според планот, Биг Бен од пролет ќе почне да функционира како пред реставрацијата.
Извор: МИА


