Бебе нилски коњ - Фото: Инстаграм/zurithebeautifulgiraffe

ВИДЕО | Сирачето нилски коњ, пронајдено покрај својата угината мајка, доби втора шанса за живот

Бебето нилски коњ, кое очајнички се обидувало да ја разбуди својата мртва мајка во езеро во Кенија, доби втора шанса за живот откако беше спасено и сместено во специјализирано засолниште за диви животни. Бебето, кое го доби името Бампи, било старо само неколку дена кога останало сираче, пренесува „Би-би-си“.

Бебе нилски коњ – Фото: Инстаграм/zurithebeautifulgiraffe

Локалните служби за заштита на дивиот свет соопштија дека акцијата за спасување била исклучително тешка и претставувала вистински „логистички предизвик“ бидејќи малечкото одбивало да се одвои од телото на мајката. Се претпоставува дека мајката починала од природна смрт или во територијална борба обидувајќи се да го заштити своето младенче.

Според состојбата на телото, таа била мртва повеќе од еден ден пред спасувачите да стигнат до локацијата.

По спасувањето, Бампи бил префрлен во засолништето „Калуку“, каде што за него се грижат чувари 24 часа дневно. Бидејќи на оваа возраст на нилските коњчиња им е неопходна близина и утеха, Бампи постојано е во придружба на својот негувател, дури и додека е во вода.

Бебе нилски коњ – Фото: Инстаграм/zurithebeautifulgiraffe

Ова малечко сега му се приклучува на уште еден млад нислски коњ кој веќе се наоѓа во засолништето, а крајната цел на организацијата е тие успешно да се вратат во своето природно живеалиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот