ВИДЕО: Барселона на чекор од титулата, дете од 15 години испиша историја на „Камп Ноу“

фото: EPA-EFE/Toni Albir

Фудбалерите на Барселона беа убедливи на домашен терен против Бетис (4:0) во 32 коло од најквалитетната шпанска лига.

Каталонскиот гигант стекна предност веќе во 14 минута со голот на Кристенсен, а проблемите за гостите се зголемија по вториот жолт картон на Гонзалес во 33 минута.

За период од три минути во првиот дел по еден погодок запишаа Левандовски и Рафиња по што веќе сите дилеми беа решени околу победникот. Конечниот епилог беше поставен во 82 минута кога автогол си постигна Родригез.

Ова беше и добар момент за тренерот Чави да му даде шанса за настап на младиот Ламин Jамал, фудбалер роден во јули 2007 година, така што стана најмладиот фудбалер во историјата на првиот тим со 15 години.

На шест кола до крајот на сезоната води Барселона со 79 бодови, 11 повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот