ВИДЕО – Балотели е непоправлив: Фрла петарди во соблекувалната, соиграчите шокирани

Twitter@eurofootcom

Италијанскиот интернационаец кој настапува во Турција фрли петарда во соблакувалната на неговиот клуб Адана Демирспор, па ужива во реакциите на соиграчите

Италијанскиот фудбалски интернационалец Марио Балотели е познат по својата несериозност и шегаџиство што понекогаш скапо го чини.

Најновата шега на Марио е на сметка на неговите соиграчи од турскиот клуб Адана Демирспор, со тоа што фрли петарда во соблекувалната.

Италијанскиот напаѓач за малку ќе му ја разнесе копачката на соиграчот со својата најнова шега, што убаво се гледа на видеото.

На видеото споделено на социјалните мрежи може да се види како Балотели ја пали петардата пред да ја фрли низ просторијата.

Потоа ги покрива ушите додека петардата паѓа на копачката и експлодира, шокирајќи ги неговите соиграчи.

Балотели има мерак по петарди и огномети. Тој наводно запали дел од својата куќа во октомври 2011 година, откако подметна огномет во затворен простор.

Сега на 33-годишна возраст, Балотели е со Адана Демирспор во Турција.

Поранешниот репрезентативец на Италија постигна пет гола во девет настапи оваа сезона, откако пропушти три месеци поради операција на коленото.

Неговиот тим моментно е на 10. место на табелата по 28 кола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот