ВИДЕО | Бајден: За Денот на благодарноста да останеме дома, бидејќи се грижиме еден за друг

Фото: Профимедиа

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ги повика Американците да бидат внимателни и безбедни за време на празниците.

Бајден кажа дека граѓаните се уморни од ограничувањата што ги носи епидемијата на коронавирусот, но, сепак, побара да бидат внимателни затоа што бројот на новозаразени се зголемува од ден на ден, јавија британските медиуми.

Новиот американски претседател, исто така, ги повика своите сонародници да се откажат од големите семејни собири што традиционално се организираат за Денот на благодарноста и вети дека ќе се справи со пандемијата веднаш штом ќе ја преземе функцијата, на 20 јануари 2021 година.

Бајден го обвини Трамп дека и подлегна на паниката и дека се предаде пред кризата со американското јавно здравство.

Тој се осврна и на помилувањето од Трамп на поранешниот советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, кој двапати се изјасни за виновен за давање лажни изјави на ФБИ и затоа беше осуден на затворска казна. Помилувањето на Трамп го опиша како „чин на тешка корупција и дрска злоупотреба на моќта”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот