ВИДЕО: Баерн поразен, станува интересна трката за врвот во германската Бундес лига

фото: EPA-EFE/ULRICH HUFNAGEL CONDITIONS

Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах на свој терен го победија Баерн Минхен со 3:2 во натпреварот од 21 коло на германската Бундес лига и со тоа ја направија уште поинтересна борбата за титулата.

Натпреварот не започна најдобро за Баерн бидејќи Дајо Упамекано доби црвен картон во деветтата минута, а четири минути подоцна Менхенгладбах поведе со голот на Ларс Штиндл. Во 35 минута Баерн израмни преку Ерик Максим Чупо-Мотинг и на одмор се замина со резултат 1:1.

Менхенгладбах стигна победата со головите на Јонас Хофман во 55 минута и Маркус Турам во 84 минута. Баварците до крајот на мечот успеаја само да го ублажат поразот со голот на Матис Тел во 93 минута.

Баерн го претрпе вториот пораз сезонава и е моментно прв на табелата со 43 бодови, односно има само бод повеќе од Унион Берлин, кој в недела ќе го одигра својот натпревар од оваа рунда дома против Шалке. Борусија Менхенгладбах по осмата победа во првенството е осма на табелата со 29 бодови.

Во другите натпревари: Бохум – Фрајбург 0:2, Штутгарт – Келн 3:0, Волфсбург – Лајпциг 0:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот