ВИДЕО: Баерн подобар во дербито против Дортмунд!

Фото: EPA-EFE/Martin Meissner/POOL

Во бундеслигашкото дерби викендов екипата на Баерн Минхен триумфираше со конечен резултат 2:3 против составот на Борусија Дортмунд.

Стрелци кај баварскиот гигант беа Алаба, Левандовски и Сане, а за „милионерите“ Ројс и Халанд.

Младиот македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов од клупата за резерви го гледаше новото реми (2:2) сезонава на Штутгарт против Ајнтрахт Франкфурт.

Во другите средби од седмото коло во најсилното германско првенство: Аугсбург-Херта Берлин 0:3, Мајнц-Шалке 2:2, Лајпциг-Фрајбург 3:0, Унион Берлин-Арминија Билефилд 5:0.

Табела: Баерн Минхен 18 бодови, Лајпциг 16, Борусија Дортмунд 15, Унион Берлин 12, Баер Леверкузен 12, Борусија Менхенгладбах 11, Штутгарт 10..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот