ВИДЕО | Баерн ита кон титулата, Унион Берлин подобар од Леверкузен во Бундеслигата
Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа Ајнтрахт Франкфурт со 3:2 на домашен терен во 23 коло од најдобрата германска лига. Головите за Баерн ги постигнаа Александар Павловиќ во 16 минута, Хари Кејн во 20 и 68 минута.
Препорачано
Стрелци за Ајнтрахт беа Јулијан Буркарт од пенал во 77 минута и Арно Калимуендо во 86 минута.
Баерн е прв со 60 бода, девет повеќе и натпревар повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд. Ајнтрахт е седми со 31 бод. Во следното коло, Баерн ќе гостува кај Борусија Дортмунд, додека Ајнтрахт ќе го пречека Фрајбург.
Унион Берлин го победи Баер Леверкузен со резултат 1:0 пред своите навивачи. Победничкиот гол го постигна Рами Кедира во 28 минута.
Унион Берлин е деветти со 28 бода, а Баер е шести со 39 бода. Во следното коло, Унион Берлин ќе биде домаќин на Борусија Менхенгладбах, додека Баер ќе биде домаќин на Мајнц.
Денеска се одиграа уште два натпревари од Бундеслигата: Келн – Хофенхајм 2:2 и Волфсбург – Аугсбург 2:3.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


