ВИДЕО | Автомобил влета во возило на обезбедувањето на Бајден

Автомобил влета во колона возила на обезбедувањето на Бајден / Фото: ANDREW CABALLERO-REYNOLDS / AFP / Profimedia

Автомобил удри во паркиран теренец кој ја чуваше колоната на американскиот претседател Џо Бајден. Претседателот во тој момент го напушташе својот изборен штаб. Тој и првата дама Џил Бајден не се повредени. Додека Бајден одеше од предизборната канцеларија до неговиот теренец, автомобилот удри во првото возило на Тајната служба што се користеше за затворање на сообраќајните крстосници во близина на седиштето во Вилмингтон, Делавер, пренесува Ројтерс.

Возачот потоа се обидел да го вози својот автомобил до затворена раскрсница, пред Тајната служба да го опколи возилото со извадени пиштоли и да му нареди на возачот да ги стави рацете во воздух, пишува Sky News. Удреното возило имало видливи оштетувања на предниот браник.

Бајден застана и погледна изненадено кон звукот пред да биде внесен во возило во кое веќе седеше неговата сопруга. Брзо ги вратиле дома. Инаку, инцидентот не се одрази на распоредот на американскиот претседател. Тајната служба сè уште нема коментар за инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот