ВИДЕО | Атовска: Во Доњецк и Луганск уште ќе се војува, нема наскоро да заврши војната во Украина

Кристина Атовска/Фото: Слободен печат

Своите впечатоци од едномесечниот престој среде војната во Украина, ги сумираше репортерката Кристина Атовска од студиото на Утрински брифинг.

-Предизвикувачки е да се биде воен дописник. Има огромни разлики во менталитетот во она што се случува во западот и она што се случува во Киев. Во Киев секој знае што прави и луѓето се спремни на се, што не е случај во западниот дел каде што сите се некако опуштени во зависност од ситуацијата, изјави новинарката Кристина Атовска, која директно од Украина известуваше за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“.

Таа зборуваше и за својот престој во престолнината Киев и за тоа како таму се перцепира работата на новинарите известуваа од војната во Украина.

-Кога ништо се случуваше во Лвив сите мирно спиеја, мирно шетаа, не беа свесни дека се воопшто во војна. Се освестија во моментот кога почна околу Лвив да се напаѓа. Тоа сите го пречекаа со голема доза на паника. Кога падна ракетата на депото за нафта тоа беше една невидена паника од сите страни. Одеа цивили им се закануваа на новинари. Такво нешто нема шанси да се случи во Киев. Таму сите разбираат зошто се новинарите на лице место, таму се е јасно, таму луѓе по улица ви се заблагодаруваат зошто сте таму, вели Атовска.

Според неа војната во Украина ќе продолжи, посебно на истокот од земјата во регионот на сепаратистичките области Доњецк и Луганск каде ќе се интензивираат борбите.

Во разговорот се вклучи и аналитичарот и новинар Дејан Андоновиќ според кого ситуацијата се влошува.

-Се концентрираат огромни трупи во источниот дел. Одлуката е да се освои целиот Донбас. Се јавува за можна тенковска битка, најголема по Втората светска војна, рече Андоновиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот