ВИДЕО | Атланта го совлада Њујорк за полуфинале во НБА купот

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Атланта се пласираа во полуфиналето на НБА купот, откако на гостински терен го победија Њујорк со резултат 108:100.

Диандре Хантер беше најефикасен во тимот на Атланта со 24 поени, додека Треј Јанг постигна 22 поени со 11 асистенции. Џејлен Џонсон постигна 21 поен со 15 скока.

На спротивната страна за Никс како прв стрелец се истакна Џош Харт со 21 поен, осум скока и шест асистенции.

Атланта во полуфиналната фаза ќе игра против Милвоки бакс кој претходно со 114:109 триумфираше над Орландо меџик.

Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Хјустон рокетс и Оклахома сити.

Хјустон со 91:90 славеше против Голден стејт, во победничките редови доминираше Алперен Сенгун со 26 поени, 11 скока и пет асистенции.

За Вориорс најрасположен беше Џонатан Куминга со 20 поени и седум скока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот