ВИДЕО: Арсенал не се шегува, а само бод за Конте на дебито со Тотенхем!

„Топџиите“ сериозно влегуваат во трката за висок пласман сезонава во Премиер лигата/Лондон, Велика Британија/7 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Се одиграа уште три натпревари од 11 коло во Премиер лигата, Арсенал дома со 1:0 го совлада Ватфорд, Тотенхем без голови ремизираше со Евертон, а Лидс одигра 1:1 против Лестер.

Арсенал продолжува со успешните игри оваа сезона, „топџиите“ дојдоа и до шестата победа (трета по ред), остварена на стадионот „Емирати“ во Лондон.

Смит-Роу во 56 минута беше стрелец на единствениот гол, а триумфот можеше да биде поубедлив, доколку Обамејанг го реализираше пеналот во 36 минута.

Лидс пред своите верни навивачи водеше од 26 минута со погодокот на Рафиња, а „лисиците“ дојдоа до бод во 28 минута преку Барнс.

Во 67 минута Лукман, играчот на Лестер ја затресе мрежата на Мелие, но голот беше поништен поради офсајд.

Челси води на табелата со 26 бодови, три повеќе од Манчестер сити на втората позиција, следуваат Ливерпул (22) и Вест хем (20) кои имаат меч помалку, петтопласиран е Арсенал со 20, а на шестото место Манчестер јунајтед со 17, колку и седмопласираниот Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот