ВИДЕО: Аргентина има „три од три“, Бразил само до бод против Венецуела

фото: EPA-EFE/Luciano Gonzalez

Во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство 2026 репрезентацијата на Аргентина ја запиша и третата победа во низа.

Актуелните светски шампиони минимално на „Монументал“ триумфираа над Парагвај со резултат 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Николас Отаменди по асистенцијата на Родриго Де Пол.

Лионел Меси кој се опорави од повредата, влезе во игра од 53 минута. Директно од корнер можеше да се запише во листата на стрелците, но ја погоди пречка, а до крајот на мечот од слободен удар удри во стативата.

Чиле го совлада Перу со 2:0, потоа Еквадор славеше кај Боливија (1:2), а изненадување приреди Венецуела која ремизираше против еден од фаворитите, Бразил (1:1).

Мируваа мрежите по првиот дел, потоа на стартот од второто полувреме Бразилците поведоа со голот на Габриел (50`), асистираше Нејмар. Во 73 минута Винисиус Јуниор постигна гол за домаќините, но истиот по ВАР снимката беше поништен поради офсајд.

Гостинските фудбалери стигнаа до бодот во 85 минута, а го донесе Бељо по асистенцијата на Саварино.

Моментно на табелата води Аргентина со девет бодови, седум има Бразил, Колумбија пет, по четири Уругвај, Чиле и Венецуела, Еквадор три, по еден Парагвај и Перу, а Боливија е на последната 10 позиција без бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот