ВИДЕО | Арачиновци го подновија оџата со „мерцедес“ за Бајрам

мерцедес, Фото: Принтскрин

Оџата од Арачиново за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам на подарок добил автомобил „мерцедес“ како благодарница за неговиот придонес за арачиновци. „Мерцедесот“ е подарок од советници и жители на Арачиново.

Во повеќето коментари на споделеното видео на социјалните мрежи, граѓаните го критикуваат чинот и сметаат дека наместо „мерцедес“ за оџата на џамијата „Мираџ“,со  парите можело да се помогне на многумина со храна или со покрив над главата. Подароци за верските водачи за Рамазан Бајрам, како автомобилот за оџата од Арачиново, се практикува во Косово.

Видео: ТетоваСот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот