Фото: EPA-EFE/Julio Munoz

ВИДЕО: Антони асистираше, па направи глупост поради која ќе го пропушти натпреварот со Реал Мадрид

Eкипата на Бетис славеше победа над Гетафе со резултат 2:1 во рамките од 25. коло во Ла Лига, а во центарот на вниманието беше Бразилецот, Антони.

Антони кој во Бетис настапува како позајмен фудбалер од Манчестер јунајтед игра одлично по пристигнувањето во шпанскиот тим и денеска забележа асистенција за Иско, но во самиот финиш направи непотребен прекршок за кој доби црвен картон.

При водство на Бетис од 2:1 Антони направи груб старт за која заслужено беше исклучен и поради тоа ќе го пропушти натпреварот против Реал Мадрид наредниот викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот