ВИДЕО АНКЕТА | Сообраќајот во хаос, паркингот скап, но и да платиш нема место

Видео анкета/Фото: Принскрин

Сообраќајот во Скопје е хаотичен, гужви, чекање во редици на сите раскрсници, паркинг место е чиста лотарија, посебно во централното градско подрачје. „Слободен печат“ ги праша граѓаните како се вози низ градот и како се снаоѓаат кога треба да паркираат?

Сите се едногласни кога е во прашање сообраќајниот хаос, од Влае до Центар се вози по половина час најмалку, а паркингот е посебна приказна. И да сакаш да платиш нема место.

– Секој ден патувам од Центар до Влае, за четири километри има 15 минути стоење. Паркингот е посебна приказна, еве овде е 250 денари еден час- вели еден скопјанец.

За друг цените на паркинг услугите се многу скапи, но и да платите нема паркинг место.

– Во Центар и Аеродром е најтешко да се паркира- вели граѓанин.

Друг објаснува дека најтешко е да се вози во централното градско подрачје.

-Секаде е метеж, цените на паркинзите се високи, сообраќајот е хаотичен. Кога сум пешак се расправам со возачите, како возач со пешаците- вели еден скопјанец.

Друг вели дека проблемот со паркирањето го има во сите општини.

-Сите тротоари се зафатени. Живеам на периферија конкретно во Хром, но и таму е комплицирано паркирањето. Во Центар работам подолго време, скап е паркингот посебно овде. Но и да платите, нема паркинг- вели скопјанец.

Кумановец пак објаснува дека во Скопје полесно се наоѓа паркинг од Куманово.

-Цените се добри освен 250 денари за еден час на некои паркинзи. Во Скопје подобро се вози од Куманово- вели тој.

Скопјанка објаснува дека возењето во Скопје е хаотично, тешко е за возење, но уште потешко за паркирање.

-Платив паркинг, но чекав да излезе некој да можам да се паркирам- вели таа.

Друга скопјанка вели дека нема сообраќајна култура, ниту кај возачи ниту кај пешаци.

-Најголем проблем има кај Народна банка, Мавровка, тешко се наоѓа паркинг и покрај високите цени. Се е изградено. Секој има по неколку коли, а улиците се исти- вели таа.

Целата анкета на колешката Александра Вуксановиќ погледнете ја во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот