ВИДЕО АНКЕТА | Скапотијата ги натера скопјани за Нова година да бидат дома

Анкета Нова година/Фото: Слободен печат-Принскрин

Се ближат новогодишните празници, а со нив и прашањето каде и со кого да се прослави? „Слободен печат“ ги праша граѓаните каде за Нова година? Најголем дел од нив во домашна атмосфера, велат скапотијата е виновна за тоа.

-Во домашна атмосфера, малку ќе одбележиме и така. Трпезата скромна. Цените за разлика од лани се скоро двојно поголеми- вели еден скопјанец.

Друг објаснува дека Нова година ќе ја пречека во кругот на семејството. Вели дека вообичаено на нивната трпеза има сарма, месо.

-Цените во маркетите се доста скапи, за разлика од минатите години. Сиромаштија голема- вели еден господин.

Друг објаснува дека ќе слави со пријатели, во друштво.

-Па, тоа ќе биде друштво и секој сам ќе си донесе по нешто, и така ќе биде заедничка трпеза на љубовта- вели тој.

Една госпоѓа вели дека обично патуваат, меѓутоа оваа година решиле да бидат дома и да си ги викне децата за прославата.

На прашањето дали купувавте нешто за Нова Година, во маркет или слично, велат дека е рано, се уште не купуваат.

-Ќе купуваме подароци само за блиското семејство, персонализирани, толку. Не се најевтини, не беа како што беа но, тоа е тоа, нема што да правиме друго- вели скопјанката.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот