ВИДЕО АНКЕТА: По што ќе ја паметат граѓаните 2023 година?

Анкета/Слободен печат: Принскрин

Уште три дена до Нова Година. На крајот на 2023 година „Слободен печат“ ги праша граѓаните по што ќе се сеќаваат на годината што изминува. Дел од нив велат по убави работи, дел по работи кои сакаат да ги заборават.

– Годинава ќе ја памтам по убави работи, сеќавања, се убаво, со блиските, вели една млада скопјанка.

Друг објаснува дека ќе ја памети по многу работи, а на крајот годината заврши со една неубава работа што се случи во градот.

– Можеби по тоа што ете, сите сме живи и здрави, дома во семејството, пријателите, другарите, другарките – вели една госпоѓа.

За еден господин оваа година е полна со спомени, ќе ја памети по шетања и патувања.

-Па, оваа година мене ми се случуваа многу убави работи, дружби со пријатели, нешто и самиот работев, некои книги, проекти и така ги завршив, и задоволен сум од тоа што сум го сработил- вели тој.

Другa девојка се надева дека нема да ја памти по многу добри работи, ама се надева дека 2024 ќе биде подобра за сите.

-Ништо специфично, немав некои многу добри случувања освен тоа што положив еден од најтешките предмети ама тоа е тоа- вели таа.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот