ВИДЕО | Андоновиќ: Кина ги предупреди САД, Тајван ја предупредува Кина

Обработка на фотографија: Слободен печат

Кинескиот престедател Си Џипинг предурпедува дека западните земји предводени од САД вршат сеопфатно задржување, опкружување и репресија врз Кина, што ја попречува Кина во нејзиниот равој.

Во исто време, Кина се соочуваше со повеќе тешкотии, рече Си, наведувајќи ги како пример повторените епидемии на ковид-19 и зголемениот притисок врз економијата на земјата.

Неговите коментари се издвојуваат од претходните забелешки во кои кинеското раководство во минатото главно зборуваше нејасно за „одредени земји“ без директно да ги именува САД или Западот.

Кинескииот шеф на дипломатијата Чин Ганг оцени дека Кина не е страна во конфликтот во Украина и не доставува оружје на ниту една страна, а на Пекинг му се закануваат санкции.

– Кина не е ниту иницијатор, ниту заинтересирана страна на кризата, ние исто така не испорачуваме оружје на ниту една од страните во конфликтот. Која е основата за обвинување на Кина, дури и за воведување санкции и закани со санкции? Тоа никогаш нема да го прифатиме – рече Чин.

Според него, украинската криза достигна критична точка и санкциите не можат да ги решат постоечките проблеми, бидејќи е потребен дијалог.

Чин рече дека Кина ќе вложи максимални напори за мирно обединување со Тајван, но е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки.

– Кинескиот народ има право да се прашува зошто САД зборуваат за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на украинското прашање, но не го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина кога е во прашање Тајван – изјави шефот на кинеската дипломатија.

Тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-ченг изјави дека островот нема да дозволи „повторени провокации“ од Кина и дека со „мирен и рационален пристап“, тајванската армија е „подготвена да се бори“ доколку е потребно.

Тензиите околу Тајван, кој Кина го смета за своја територија, се зголемија во последните три години, при што Пекинг го засили дипломатскиот и воениот притисок во обид да го принуди Тајпеј да го прифати кинескиот суверенитет.

Во август, Кина организираше воени вежби во близина на Тајван во знак на протест поради посетата на на тогашната претседателка на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајпеј , а тајванскиот претседател Цаи Инг-вен најави дека планира да се сретне со наследникот на Пелоси, Кевин Мекарти, во Вашингтон во следните недели.

Инаку, Кина оваа година најавува дека ќе го зголеми воениот буџет за повеќе од седум отсто, истовремено предупредувајќи и на зголемување на заканите.

Воениот буџет на Пекинг е околу 225 милијарди долари и како таков, сепак е помал од американскиот, кој е четири пати поголем.

Премиерот во заминување Ли Кечијанг му рече на Конгресот дека „надворешните обиди за потиснување и задржување на Кина ескалираат“.

„Вооружените сили треба да ја интензивираат воената обука и подготвеноста во целина“, смета раководството во Пекинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот