ВИДЕО | Андоновиќ: Формиран судски предмет против Милорад Додик – го подривал уставниот поредок на БиX, тој одговори со песна

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

Додик во свој стил влезе во федералната зграда на претседателството во Сараево и со хармоника пееше српски националистички песни со кои на моменти и го исмејуваше актуелниот муслимански член на претседателството, Бакир Изетбеговиќ. Според тамошните медиуми кои се повикуваат на сведочење на присутните, Додик и членовите на неговата партија, кои се на позиции како федерални министри, пиеле ракија и се подбивале со федералните институции.

Додик пеел песни, обраќајќи му се лично на Бакир Изетбеговиќ, кој е син на поранешниот босански лидер Алија Изетбеговиќ, и за кого Додик сите овие години откако е на државни функции упатува жестоки критики за неговата политика.

Однесувањето на Додик е резултат на иницијативата на федералните институции и обвинителството на Босна и Херцеговина кои формираа судски предмет против српскиот член на тројното претседателството на босанската федерација за подривање на уставниот поредок на федерацијата. Додик е обвинет дека ја бојкотира работата на претседателството, но и дека работи на отцепување на Република Српска од остатокот на федерацијата.

Самиот Додик не крие дека сака Република Српска да се отцепи и потоа да се интегрира со Србија.

Тој веќе најави формирање на своја војска и свои разузнавачки служби, што според Сараево е директно подривање на уставниот поредок на Босна и Херцеговина. Додик е обвинет и дека тесно соработува со Москва и дека е нагласено руското влијание врз Бања Лука што се коси со полтиката на Босна и Херцеговина која се залага за европски и интеграција во НАТО. Самиот Додик, пак, на неколкупати досега најави дека нема да дозволи Република Српска да влезе во алијансата и дека се залага идентично како и Србија да остане воено неутрална.

ВИДЕО: Додик продолжува да ги провоцира федералните институции – донесе хармоникаш во зградата на Претседателството на БиХ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот