ВИДЕО | Андоновиќ: По средбата Путин-Бајден, заострување на тензиите

Украина и Соединетите држави почнаа воени вежби во Црното Море и јужна Украина, во кои учествуваат повеќе од 30 земји. Вежбата „ Sea Breeze 2021“ ќе трае две недели и во неа ќе учествуваат 5.000 војници од НАТО и другите сојузнички земји, како и околу 30 бродови и 40 авиони. Учество ќе земат и уништувачот на ракети „УСС Рос“ и американските маринци, изјави Дејан Андоновиќ во Утрински брифинг.

– Украина вели дека главната цел е да се стекне искуство во заеднички активности за време на мултинационални мировни и безбедносни операции. Sea Breeze 2021 се случува во време на зголемување на тензиите меѓу НАТО и Москва, кои минатата недела соопштија дека истрелале предупредувачки истрели во близина на британски воен брод за да го истераат од водите на Црното Море покрај брегот на Крим.

Велика Британија ја отфрли руската верзија на инцидентот. Русија го анексираше Крим во 2014 година и тврди дека е руска територија, но полуостровот е меѓународно признат како дел од Украина.

Руската амбасада во Вашингтон минатата недела повика на откажување на вежбите, а руското министерство за одбрана соопшти дека ќе одговори доколку е потребно за да се заштити сопствената национална безбедност.

Односите меѓу Киев и Москва се на многу ниско ниво откако Русија го анектира Крим, како и поради руската поддршка за сепаратистичките бунтовници во источна Украина. Тензиите повторно се зголемија оваа година, бидејќи Русија натрупа војска на границата со Украина, каде дел од трупите се уште се распоредени – Андоновиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот