ВИДЕО | Анализа: Со панихидата на Мара Бунева некој се обидува да ја врати Македонија во бугарската политика
Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“ и лице со забрана за влез во Македонија, повикува на 12 јануари на собир и панихида за Мара Бунева во црквата Свети Димитриј во Скопје. Оваа фондација ја имаше една од клучните улоги во минатогодишната манипулација со пописните резултати на Македонците во Албанија.
Препорачано
– Панихидите на Мара Бунева се организираат секоја година, но со различен интензитет. Понекогаш тоа се мирни и здодевни настани, но сме биле сведоци и на физичко и вербално насилство. Веќе извесно време Македонија не е тема во бугарските медиуми, а така беше и за време на последната предизборна кампања. Во моментов Бојко Борисов се обидува да формира ново парламентарно мнозинство и повторно да стане премиер на бугарската влада и можеби токму затоа Виктор Стојанов се обидува во бугарската јавност да се наметне со панихидата за Мара Бунева. Не знам дали ова му е од корист на Борисов, во обидот да дојде до парламентарно мнозинство или, пак, не му е од корист, не би се осмелил да шпекулирам на оваа тема. Тоа што е сигурно е дека Стојанов нема да се појави во Скопје, бидејќи тој има забрана за влез во Македонија – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.


