ВИДЕО | Граѓани ја „почестија“ Ана Бекута со снежни топки зашто зела 40.000 општински евра за концерт
Концертот на српската пејачка Ана Бекута, одржан по повод дочекот на Стара нова година на градскиот плоштад во Чачак, се претвори во непријатен инцидент. Настапот беше прекинат откако дел од публиката почнала да ја мава со снежни топки пејачката и нејзиниот бенд. Тие потоа го продолжија концертот, но Бекута пееше седната во комбе зад сцената.
Препорачано
Дел од граѓаните се револтирани од сумата која Општина Чачак ѝ ја платила на пејачката – 40.000 евра. И пред снежната „канонада“, нејзиниот настап беше проследен со свирежи и бучава од самиот почеток.
View this post on Instagram
Работите излегле од контрола кога еден од членовите на бендот бил погоден со снежна топка во главата, поради што пејачката го прекинала концертот и видливо вознемирена се обратила кон публиката, пренесува српски „Телеграф“.
„Срам да ви е! Дали имате вие мајка? Дали имате сестра? Дали имате баба? Срам да ви е! Каде е полицијата овде? Дали полицијата прави нешто? Ние нема повеќе да пееме и свириме! Ајде, рацете во воздух“, налутено порачала Бекута.
Нејзините зборови, меѓутоа, не ја смириле ситуацијата, туку предизвикале нов бран на негодување и уште повеќе мавање со снежни топки. Иако во еден момент се чинело дека концертот е завршен, пејачката одлучи да продолжи да пее.
View this post on Instagram
На крајот Бекута се симна од сцената, но го продолжи настапот од комбето во близина.


