Потпреседателот на САД го скрши пехарот на Охајо/Фото: EPA-EFE/KEN CEDENO / POOL

ВИДЕО | Американскиот потпретседател го скрши трофејот на Универзитетот Охајо: Не сакав друг тим да го земе

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс успеа да стане вирален на типична прослава на шампионскиот трофеј за Универзитетот Охајо која се одржа во Белата куќа.

По пофалбите на Доналд Трамп, тренерот на Бајкис, Рајан Деј и Венс, потпретседателот на САД – дипломец од државниот универзитет Охајо – се обиде да го подигне трофејот на рагби тим Бајкис од Државниот универзитет во Охајо освоен на национално првенство на колеџи во рагби.

Изгледа дека не сфатил дека врвот на трофејот може да се откачи од неговата основа, поради што не го држeше правилно и му се лизна од рацете.

Венс го скрши тројфејот на Охајо/Фото: EPA-EFE/KEN CEDENO / POOL

Тревеон Хендерсон од Бакси, кој беше зад Венс, го зграпчи врвот на трофејот, но основата падна на земја, а играчите се вкочанија додека бендот на маринскиот корпус на САД свиреше „We Are the Champions“.

Хендерсон и Деј му помогнаа на американскиот потпретседател да го собере трофејот, по што го подигна само горниот дел, а играчите околу него не можеа да ја задржат смеата.

Додека фотографиите и видеата од грешката на Венс беа објавени на интернет, потпретседателот се обиде да ја објасни грешката со самоисмејување: „Не сакав никој по Универзитетот Охајо да го земе трофејот, па решив да го скршам“, напиша тој на Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот