Фото: Икс / скриншот

ВИДЕО | Американската војска по 12 години замина од Сирија, уништи сè што не можеше да понесе од базата

Снимки објавени на платформата „Икс“ денеска, покажуваат како колона камиони и оклопни возила напушта американска база во Сирија, додека во позадината се извиваат столбови од чад, кои наводно се од опремата што Американците не можеле да ја понесат, па ја уништиле. По цели 12 години, во арапската држава повеќе нема ниту еден американски војник, пренесе „Ал Џазира“.

Според локални извори, контролата врз базата ја презела 60-тата дивизија на сириската армија. Процесот на повлекување од неколкуте клучни американски бази во североисточна Сирија, според извештаите, започнал уште пред неколку месеци.

Американските сили беа во Сирија од 2014 година, како дел од меѓународната коалиција против Исламската држава, а низ годините соработуваа со курдските Сириски демократски сили (СДФ) кај границата со Ирак.

По политичките промени и новите договори во Дамаск, се создадоа услови за повлекување, а дел од американските војници беа преместени во бази во Јордан и северен Ирак.

За три години 80 проценти од сириските бегалци треба да ја напуштат Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот