ВИДЕО | Aлкараз: Димитров направи да се чувствувам како да имам 13 години

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз претрпе изненадувачка елиминација на турнирот во Мајами откако во два сета беше поразен од Григор Димитров. Бугарскиот тенисер го совлада Алкараз со 2:0 во сетови (6:2, 6:4).

Димитров против Алкараз го одигра еден од најдобрите негови мечеви во кариерата, а на прес-конференцијата Алкараз го призна поразот.

„Направи да се чувствувам како да имам 13 години, беше лудо. Разговарав со мојот тим, велејќи им дека не знам што треба да направам. Не ги знаев неговите слабости, ништо не знаев. Поради тоа сум фрустриран“, изјави Алкараз.

Новинарите побараа и коментар од Димитров на оваа изјава на Алкараз, а бугарскиот тенисер им одговори со насмевка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот