Александар Белов / Фото: Фејсбук/Александар Белов

ВИДЕО | Александар Белов изненади на свадба во Србија и привлече големо внимание

Александар Белов изненади со видео од свадбена прослава во Србија, кое за кратко време привлече големо внимание и доби бројни реакции на социјалните мрежи.

Македонскиот пејач, кој веќе подолг период живее и работи во Србија, објави видео на профилот на својот бенд, на кое може да се види како настапува на свадба во Србија, изведувајќи македонска народна песна.

„Секоја прослава има своја приказна. На желба на младенците, и македонската музика е дел од нашиот репертоар“, стои во описот на видеото, кое наиде на позитивни коментари и симпатии од публиката.


Белов на пошироката јавност ѝ стана познат по учеството во музичкото шоу „Операција триумф“, а во приватниот живот веќе неколку години гради семејство во Србија.

Тој стана татко на 13 јануари 2022 година, токму за време на прославата на Старата Нова година, додека настапувал. Неговата сопруга Јелена се породи во Клиничкиот центар во Крагуевац, градот во кој Белов живее последните осум години.

Убавата вест, пејачот ја дознал на мошне необичен начин – среде настап во еден клуб во Крагуевац. Кога им ја соопштил радосната вест на гостите, според српскиот обичај, му ја скинале кошулата.

„Никој не ни кажа дека ќе изгледа вака. Никој ни не можеше да ни го каже тоа. Ова е целиот наш живот, а нашата куќа стана вистински замок на среќа и љубов“, напиша Белов тогаш, споделувајќи ја првата фотографија со својата ќерка.

Малата Мина неодамна наполни четири години, а гордите родители споделија фотографии од нејзината роденденска прослава. Александар Белов и Јелена се венчаа во 2019 година, а пејачот и понатаму е активен на музичката сцена, со настапи низ српските градови, како и во Скопје и во родното Неготино.

Интервју со Александар Белов, пејач: По „Операција триумф“ имав потенцијал за сериозна кариера, но потпишав договор што ми ги затвори сите отворени врати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот