ВИДЕО | Акробатка падна за време на вежба, партнерот не успеа да ја задржи за нозе

Фото Дејли мејл принтскрин

37-годишна акробатка загина трагично додека изведуваше вежба со нејзиниот сопруг-партнер во близина на градот Сужоу, Кина, минатата сабота.

Видеото објавено од „Дејли Мејл“ го покажува шокантниот момент кога несреќната Шан Муму паднала од голема висина на сцената откако нејзиниот сопруг не успеал да ја фати со нозете за време на воздушен трик.

Според локалните медиуми на кои се повикува британскиот весник, Шан паднала од височина од околу 10 метри и иако е тешко повредена, очевидците известиле дека таа сѐ уште дишела додека лежела на земјата. Жената итно била пренесена во болница, но лекарите не можеле да и го спасат животот.

„Отсекогаш сме биле многу среќни заедно“, рекол 37-годишниот сопруг на Шан Муму, објаснувајќи дека не сака да дава дополнителни изјави бидејќи сѐ уште се бори психолошки да ја менаџира ситуацијата.

Надлежните покренаа истрага со цел да разјаснат зошто парот учествувал во настап без потребните мерки за заштита и без потребната дозвола, а веќе е изречена парична казна за компанијата организатор на настанот.

Парот од двајцата акробати биле заедно неколку години, а во бракот дури имале и две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот