ВИДЕО: 2-годишно момче и 99-годишна бабичка станале најдобри пријатели за време на пандемијата

Фото: Принтскрин/Youtube

Две годишно момче и неговата 99-годишна сосетка станале најдобри пријатели по неколкумесечните карантини поради пандемијата.

Имено, Мери О’Нил и Бенџамин Олсон се соседи и кога поголемиот дел од светот мораше да се изолира од своите семејства и пријатели, тие почнале редовно да се дружат во нивните дворови што ги дели само една ограда.

„Повеќе од една година, Бенџамин не видел други деца. Немаше контакт со никого освен со нашето семејство и Мери. Тие создадоа неверојатно силна конекција“, изјави мајката на момчето, Сара Олсон.

Фото: Принтскрин/Youtube

Пријателството со Бенџамин е голема радост за Мери, која во декември ќе наполни 100 години. Таа го загубила својот сопруг пред 37 години и сега ужива во друштвото на своите соседи. Нејзините внуци и правнуци живееле во други делови од Америка и со нив поретко се гледала.

Отпрвин му мавтала на момчето низ прозорецот, а потоа почнала да излегува од куќата за да го поздрави. Ова на крајот се претворило во редовно дружење покрај оградата што ги дели нивните дворови.

    Фото: Принтскрин / Youtube

За време на потоплите месеци, тие си седеле на скалите и дувале меурчиња од сапуница. Мери, исто така, му подарила на Бенџамин кутија со играчки што му припаѓале на нејзиниот починат син.

„Понекогаш тој ќе стане, ќе фати грст песок или ќе земе камен за да ми го даде како подарок. Тоа ме прави да се чувствувам добро“, вели Мери, која ги смета Бенџамин и неговиот брат за „најблиски внуци“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот