Ветерот разоткри саботажа во прилепската модуларна болница: Со хебла обиено струјното сандаче

Модуларна ковид-болница / Фото: МИА

Извори од раководството на прилепската болница за „Слободен печат“ велат дека поради силниот ветер кој вчера беснеел во градот и невремето, обезбедувањето забележало дека вратничката од сандачето за довод на електрична енергија е отворена.

– Тоа сандаче е заклучено, но никогаш не сме забележале дека не е заклучено, односно дека е пробиено. Вчера од ветрот се отворила вратничката бидејќи била отклучена а ние не знаевме дека е така. Можеби се случило вчера но можеби и претходно да се случил настанот. Електричната енергија се спроведува од трафостаницата што ни е во болницата, до сандачето. Потоа струјата се спроведува од сандачето до модуларната болница. Уште немаме констатирано дека има оштетување на каблите или на осигурувачите. Само има обид да се направи нешто но не се случило да нема довод на електрина енергија во модуларната болница. Од ова сандаче, се снабдуваат со струја сите апарати. Во моментот хоспитализирани се 17 пациенти. Сега оваа табла за електрична енергија е обезбедена и дополнително заклучена. Ангажирано е засилено обезбедување и има полициско присуство. Ако не беше невремето вчера немаше да дознаеме дека е пробиено. Некогаш случајно ако се случел некој дефект, па да одат мајсторите да видат, дури тогаш ќе дознаевме. Сега кога видел стражарот односно обезбедувањето му станало сомнително. Знае дека тоа е заклучено сандаче. Преку таа струјна инсталација поврзани биле респиратори, апарати за срце, монитори, изјави за „Слободен печат“ извор од раководството.

Претходно Министерството за здравство информираше дека општата болница Прилеп, во МВР минатата вечер пријавила дека физички е оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница.

– Обезбедувањето на болницата забележало дека таблата од надворешната страна е отворена со хебла. Го известиле електричарот од болницата а веднаш била повикана и полиција. Струјата во модуларната болница е во функција бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата. Вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите. Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот, известија од МЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот