Фото: Pexels

Ветеринарите предупредуваат: Внимавајте на милениците, ова се пет смртоносни пролетни растенија

Пролетта одамна пристигна, а кучињата сакаат да поминуваат време надвор и да трчаат низ градините со шарени цвеќиња. Доколку сте одговорен сопственик кој се грижи за сите детали во врска со безбедноста на вашиот домашен миленик, тогаш вашата пролетна градина ќе биде полна со растенија и на ниту еден начин нема да го загрози здравјето и животот на кучето.

Сепак, експертите за здравје на кучиња предупредуваат кои растенија кои можат да бидат фатални за вашиот домашен миленик доколку ги каснат.

Нарцис

Нарцисот цвета во рана пролет и е вистинско освежување по сивилото и студенилото на зимата, но е цвет со отровен алкалоид кој предизвикува повраќање, низок крвен притисок и грчеви кај домашните миленици. Цветовите на нарцисот содржат високо токсични кристали кои можат да доведат до срцеви аритмии или респираторен застој. Симптомите на труење со нарцис се манифестираат за 15 минути до ден.

Лале

Втори на листата на најпопуларни пролетни цвеќиња се лалињата, чии луковици се вистински отров за кучињата.

Париче

Париче (или бела рада) не е многу токсично растение за кучињата, но сепак има несакани ефекти ако кучето изеде огромна количина. Тоа предизвикува повраќање, лигавење и грчеви, а ако кучето „касне“ цвет или два – нема потреба од паника.

Лилјани

Лилјаните се одлични цвеќиња за украсување на домот и освежување на просторот за живеење, но тие се многу токсични за домашните миленици. Консумацијата на лилјани има последици во форма на повраќање, неправилно чукање на срцето, намален крвен притисок, збунетост и дезориентација, а во тешки случаи се јавуваат конвулзии и кома.

Зумбул

Зумбулот е член на семејството на лилјани и содржи најголема концентрација на токсични алкалоиди кои предизвикуваат интензивно повраќање, крвава дијареа и треперење.

Ако вашето куче проголта некое од овие растенија или се сомневате дека ги изело, веднаш однесете го на ветеринар. Манифестациите на труење со овие цвеќиња бараат итна посета на ветеринар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот