Венецуела со авиони ловци ги штити петте иранските танкери

Доставената иранска нафта ќе биде доволно за две до три недели.

Иранските танкери кои пловат кон Венецуела се под заштита на авиони ловци Су-30 и Ф-16. Авионите летаат над иранскиот танкер „Форест” и разорувачот Венецуела По-13 Јекуана.

Венецуела поседува 24 авиони ловци Су-30МК2.

Првиот од петте ирански танкери вчера пристигна во Венецуела. Петте ирански танкери со 1,5 милиони барели нафта се испратени со цел Венецуела да ја надмине кризата со гориво, предизвикана од санкциите на САД кон јужноамериканската држава.

Но, аналитичарите наведуваат дека доставената иранска нафта ќе биде доволно за две до три недели.

Иранското гориво пристигнува во Венецуела и покрај санкциите на САД против двете држави, а аналитичарите оценуваат дека тоа означува нова ера во односите помеѓу Каракас и Техеран, а Иран го шири своето влијание врз Западната хемисфера.

Иранскиот претседател Хасан Рохани во саботата се закани со одмазда во случај Вашингтон „да предизвика проблеми со танкерите”, додека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно соопшти дека разгледуваат „мерки” што ќе ги преземат како одговор на иранската достава на нафта за Венецуела.

Венецуела има најголеми резерви на нафта во светот, но мора да увезува гориви бидејќи рафинериите во земјата годинава работат со 10 отсто од своите капацитети од 1,3 милиони барели дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот