Велосипедист удрен на пешачки премин пред „Холидеј Ин“

Велосипедист вечерва бил удрен на пешачки премин пред хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје. Како што може да се забележи од фотографиите на „Слободен печат“, автомобил марка „форд“ на пешачки премин удрил во велосипедистот.

Според очевидци, велосипедистот за среќа поминал без потешки повреди.

Додека екипата на МВР извршува увид на местото на несреќата, дел од улицата „Филип Втори Македонски“ која оди во правец кон Железничката станица е затворена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот