Велосипедист прегазен во Козле, со тешки повреди пренесен на комплексот клиники

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Шеесет и едногодишен велосипедист е тешко повреден откако бил прегазен од 20-годишен возач во скопската населба Козле.

„На 06.02.2024 во 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Јуриј Гагарин“ и сервисна улица во Скопје, патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Љ.Д.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот