Велешкиот суд ќе постапува по предметот за судијата Владимир Панчевски

Владимир Панчевски/ Фото: МИА

Основен кривичен суд – Скопје нема да му суди на поранешниот претседател на овој суд, Владимир Панчевски по предметот за злоупотреба на службената положба и овластување. По овој предмет, со решение на Апелацискиот суд – Скопје за надлежен за постапување се определува Основниот суд Велес.

– Апелацискиот суд – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое советот на второстепениот суд, постапувајќи по предлог на судија – поединец од Кривичниот суд  за пренесување на месна надлежност и определување друг суд кој ќе постапува по предметот К.бр. 1292/19 оформен по поднесен обвинителен предлог на ОЈО – Скопје  против В.П. за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 27 ст.3 в.в. ст.4 од ЗКП го уважи предлогот, соопшти денеска Кривичниот суд.

Второстепениот суд, како што е наведено во соопштението, утврдил дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност.

– Со решението на Апелацискиот суд – Скопје, Основниот суд Велес се определува за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот