Веќе е осуден на 23: Харви Вајнстин доби уште 16 години затвор за силување

Харви Вајнстин
Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин (70) беше осуден во четвртокот во Лос Анџелес на нови 16 години затвор поради обвиненија за силување и сексуален напад кои датираат од 2013 година.

Пресудата беше донесена откако се јавија бројни жени кои го обвинија за силување и сексуален напад.

Во обвиненијата се наведува напад на поранешна манекенка и актерка, која на суд се водела како Н. Н., која ја силувал во хотел во Лос Анџелес во февруари 2013 година.

Некогаш моќниот продуцент, беше прогласен за виновен за силување и две други точки од обвинението за сексуален напад на судењето во Лос Анџелес во декември.

Харви Вајнстин сега отслужува 23-годишна затворска казна за бројни сексуални напади.

Меѓутоа, судот во државата Њујорк одлучи да го предаде на властите во Калифорнија за да му се суди таму за 11 други обвиненија за сексуално насилство врз пет жени во период од 2004 до 2013 година.

Продуцентот Харви Вајнстин погласен за виновен за силување

Судот одлучи: Жртвите на Вајнстин ќе добијат 17 милиони долари отштета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот