Продуцентот Харви Вајнстин погласен за виновен за силување

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Врховниот суд во Лос Анџелес го прогласи поранешниот американски холивудски продуцент Харви Вајнстин за виновен за силување, во втората ваква пресуда против него.

Поротата го прогласи Вајнстин (70) за виновен по обвинението за силување и напад со сексуална пенетрација со туѓ предмет, извршени врз жена.

Поротата не можеше да донесе пресуди по две обвиненија, вклучувајќи го и силувањето на сопругата на гувернерот на Калифорнија, Џенифер Сибел Њусом, која потврди дека на судењето била означена како „Џејн До 4“.

На Вајнстин му се заканува затворска казна до 18 години по точките за кои е осуден, но отежнувачките околности може да ја зголемат и на 24 години. Тој веќе отслужува 23-годишна затворска казна откако беше осуден за силување во Њујорк.

Вајнстин на судењето во Лос Анџелес се соочи со седум обвиненија за силување и сексуален напад на четири жени, меѓу 2004 и 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот